Агентурната мрежа на Верушевски и Заев е целосно откриена

Вистината излезе на виделина. Тотално е разобличена шемата за конструкции која Зоран Заев невешто ја градеше, пишува „Курир“.

Првата пресуда за случајот ПУЧ ги открива деталите за работењето на криминалната група предводена од Зоран Верушевски.

Звонко Костовски кој завчера доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа признал  на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.

Агентурната мрежа на Верушевски и Заев, односно прво и четвртоосомничениот во акцијата „Пуч“ е целосно откриена на очиглед на јавноста.

Во пресудата која Сител ја добил користејќи го правото на слободен пристап до информации стои дека делата на вработениот во МВР кој завчера беше осуден започнале во 2010.

Преку вториот вработен во МВР, тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности.

presudaa22

Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните . Меѓу нив може да се препознаат првите букви од имињата на високи функционери и лица познати од јавно-општествениот живот.

Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на Верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.

Зоран Верушевски сето ова го правел неовластено, а згора на се, “дебело“ плаќал за услугите.

Според аналитичарите, документацијата му застана на патот на Зоран Заев, кому не му успеа шемата да ги намести Груевски и Мијалков.

ppppp23

-Го имаме тврдењето од првичните материјали во коишто Заев тврди дека материјалите му се од странски служби. Е сега се уште не е јасна врската, дали Верушевски ги дал на странските служби, па овие му ги дале на Заев, или дали Верушевски му ги дал на Заев, а биле наменети за странски служби или пак Верушевски му ги дал на Заев, а со дозвола од тие странски служби за кои што можеби првично се снимени, и по чии налог се тие снимени. Тврдењето на Заев е дека Мијалков и Груевски ги нарачале, а ние гледаме дека од 20 разговори Мијалков го има во 10 разговори, а и Груевски се појави во последните, е сега Заев се вади дека само помеѓу нив нема разговори, меѓутоа дури и да е така, зошто потоа доколку Сашо Мијалков го нарачал тоа би го архивирал својот разговор или зошто би му требале преводи од истите на англиски јазик. Не ми е јасно доколку е како што тврди Заев, зошто тие разговори се архивириани, за нив има и транскрипти, зошто Мијалков би правел траскрипт за свои разговори, зашто ќе му се. Таа теза воопшто не држи вода, рече за Курир аналитичарот Владимир Божиновски.

Како кула од карти се растури целокупното сценарио креирано на Бихаќка, а на терен спроведувано и од медиумите финансирани од СОРОС. Нивната цел да се креира дестабилизација во земјава, пропадна во вода.

Според првичните сознанија, откако Зоран Заев започна да ги упатува заканите кон премиерот, МВР покани врвни експерти за оваа проблематика од позната странска компанија, која со своја опрема изврши проверка и утврди дека повремено на различни локации главно во центарот на Скопје, непознат сторител врши нелегално прислушкување и снимање на телефонски разговори, користејки мобилна опрема, чија локација постојано се менува, а која функционира по принцип на клонирање на т.н. базни станици.

Сето ова, дополнително се разработува. Во меѓувреме,  упатените велат дека вистината и фактите треба да се појават во судската постапка.

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Владо Камбовски рече дека Јавното обвинителство треба да ја држи сега целата оваа ситуација кога постојат основи или основано сомневање дека се сторени казнени дела „незаконско прислушување“.

-Во една правна држава, а таква треба да биде нашата држава, вистината за фактите мора да се појави само во судска постапка. Секоја друга вистина е релативна. Вистината во медиумите, вистината во поединечните кажувања мора да ја прифатиме со резерва. Значи, судската постапка е таа која обезбедува, низ една контрадикторност, насочување на сите факти да се стигне до правната вистина. Таа е исто така релативна, но многу помалку релативна отколку едностраничните гледања врз фактите кои не поминуваат низ една таква процедура, истакна Камбовски.

Обидот за дестабилизација потона во вода. Планот на Заев остана закочен меѓу целите кои се рушат пред него. Премиерот Никола Груевски со својот говор пред два дена ги турна во вода сите обиди на Зоран Заев да ги заплаши граѓаните и да креира дестабилизација на Македонија.

pppp33333

-Нашиот план е да се бориме против ова што и се случува на нашата држава. И под тоа мислам да се бориме со аргументи, со факти, со нашето вистинско лице, а тоа е она кое граѓаните го познаваат сиве овие години. Ние сме истите тие кои ги зголемуваа платите и пензиите и социјалната помош, истите кои трчаат по светот по инвеститори и придонесуваат за отворање на нови работни места, кои прават програми за самовработување, кои градат патишта, болници, инвестираат во здравството, им помагаат на земјоделците, сакаат да поправат нешто во образованието, истите кои даваат бесплатни учебници, компјутери за секое дете, нови автобуси, булевари, водоводни и канализациони мрежи. Ние сме истите тие кои работеа и сеуште работат со полна пареа на реалните проблеми, со наша програма и ветувања зад кои стоиме. Мнозинството граѓани гласаа за нас во континуитет речеси 9 години. Имаме свои слабости, грешки, пропусти, но тие никогаш не се од стратешко значење. Се трудиме многу. Граѓаните не познаваат кои сме. Јас сум убеден дека ова што сега се случува со сите обвинувања на опозицијата и налетот на блиските до нив медиуми со тоа што ставаат во контекст искреирани материјали од разговори, граѓаните нема да го прифатат, како што сум убеден дека вие многу добро не познавате и внимателно ќе ги следите сите детали поврзани со ова, рече Груевски.

Паднаа сите маски. Костовски доби 3 години затвор преку спогодба со јавното обвинбителство која потоа била верификувана од судија на претходна постапка во скопскиот кривичен суд.

Со ова се докажува тврдењето дека зад прислушувањето стои странска држава која ги ангажирала осомничените предводени од верушевски. За соработката на екс разузнавачот со лидерот на СДСМ пак во јавноста протече писмо во кое се договоараат деталите за така наречениот ПУЧ.