Агим Ибраими го предизвикува Горан Пандев

Голема е вројатноста, фудбалските фанови на Македонија денеска да бидат сведоци на директниот дуел помеѓу поранешниот репрезентативец, Горан Пандев, кој ќе го предводи нападот на Наполи и актуелниот репрезентативец, Агим Ибраими, кој најверојатно ќе добие шанса да биде дел од првиот тим на Калјари.

Предводникот на “азурите”, Рафа Бенитез на последната прес-конфереција, потврди дека Пандев ќе биде дел од почетниот состав и ќе игра позади напаѓачкиот двоец, Игуаин-Каљехон. Освен овој натпревар, денеска е на програма и првенствената пресметка помеѓу екипите на Ливорно и Удинезе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.