Агинагалде повреден, но најверојатно ќе игра против Македонија

Пивотот на репрезентацијата на Шпанија, Хулен Агинагалде и натаму е на листата на повредени ракометари, но се очекува да се најде меѓу играчите коишто ќе бидат пријавени за првиот меч од втората рунда на кој Шпанците играат против Македонија.

Информациите до коишто дојде 24Ракомет велат дека Шпанците ќе успеат да го оспособат Агинагалде за настап и со него ќе тргнат во поход на полуфинале на овој шампионат, а дали ќе бидат во право со тактизирањето со него ќе се види во недела вечер.

По одличните игри на Македонија во првиот круг, Шпанците стравуваат и им е потребна помошта од сите ракометари коишто се во ростерот, така што нема да има поштеда ниту за оние што се жалат на повреда.

Пивотот на Кјелце се повреди уште на стартот на шампионатот и не беше во можност да им помогне на колегите за дуелот против Данска на кој Шпанците претрпеа пораз.

Агинагалде е еден од најдобрите три пикери во светот во моментов и играч кој со своето искуство знае да направи разлика на теренот и во одбрана и во напад.

Натпреварот се игра в недела од 20:30 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.