сабота, 24 јуни 2017  |  Вести денес: 37

„Мој Весник“, нов андроид агрегатор за вести на пазарот

Мој Весник ги агрегира сите македонски вести и содржини од најпопуларните македонски веб страници и му ги прикажува на корисникот според неговите преференци. Корисникот има можност да ги филтрира темите и изворите од каде што сака да чита.

агрегаторот

Поврзани вести

Агрегаторот на вести за Андроид мобилни уреди – Мој Весник постои веќе неколку месеци и до сега има над 10,000 инсталации. Тој агрегира вести од повеќе македонски портали.

Идејата е да се известуваат корисниците за теми кои ним им се од интерес и притоа да ги добиваат тие содржини од нивните омилени веб страници. Платформата се освежува на секои 10 минути, за корисниците да бидат во тек со сите случувања.

Моментални теми (категории):
– Македонија
– Свет
– Економија
– Забава
– Сцена
– Живот
– Култура
– Здравје
– Спорт

Моментално, апликацијата има 56 извори (македонски веб страници) од кои ги агрегира содржините.

Најчитани вести