Агресивен љубовник го убил дилерот на Обама

Познато е дека американскиот претседател Барак Обама за време своето школување често се опуштал со марихуана,а  тоа го призна во неколку интервјуа за медиумите.

Но, она што е интересно е бизарната судбина на неговиот дилер.

Младиот Бери, како што го викале првиот човек на Америка во средношколските денови, купувал „тревка“ од Рејмонд Бојер, познат како Геј Реј. Дилерот на Обама е од Калифорнија, но на Хаваите живеел сурфајќи и работејќи по локалните кафулиња и ресторани во близина на приватното училиште кое го посетувал и сегашниот претседател.

Реј живеел во своето комбе, а бил еден од истакнатите во геј заедницата на Хаваите. Еден од неговите клиенти бил и 18-годишниот Обама, идниот американски претседател.

Обама за Рејмонд пишува во својот средношколски лексион, каде му се заблагодарува за „сјајните моменти“ кои ги поминале заедно.

Обама заминал, а Геј Реј останал на Хонолулу, живеел од социјална помош. Негов партнер бил Ендрју Девереом, кој бил 17 години помлад од него, а работел како хомосексуална проститука. На почетокот на јануари 1986 година Ендрју и Реј имале караница, па Ендрју со чекан до смрт го претепал. Мртвото тело на Реј, дилерот на Обама, било најдено осум дена подоцна.

Реј не дочекал да се фали дека бил дилер на американскиот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.