„Агрокор“ ја демантира СДСМ за заканите од власта

Хрватската компанија „Агрокор“ со демант до СДСМ ги негира вчерашните тврдења изнесени на трибината на најголемата опозициска партија одржана во Универзала сала, за наводни закани на власта кон „Агрокор“.

Демантот до СДСМ денеска стигна директно од хрватската компанија, која вели дека немало никакви притисоци кон претставници на оваа компанија, со што целосно се разобличени обвинувања изнесени вчера.

-Вo врскa сo вaшетo прaшaње и трaнскриптoт ве уверувaме декa немaме вaкви инфoрмaции и кaкви билo непријaтнoсти, велат од „Агрокор“.

Со овој демант, „Агрокор“ јасно става до знаење дека никој не правел притисоци врз претставници на оваа компанија, со што целосно паѓаат во вода обидите на СДСМ да прикаже дека власта вршела притисок на странски инвеститори, во случајов „Агрокор“.