Агуеро: Германија ја почитува Аргентина

Не само што се врати на зелениот терен во вистински момент, брзоногиот напаѓач на Аргентина, Серхио Агуеро успешно го реализираше ударот од белата точка и го даде својот удел во заслуениот палсман во финалниот натпревар од јубилејното 20. Светско првенство кое се одржува во Бразил.

Веднаш по натпреварот, напаѓачот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити изјави дека Германија секогаш е незгоден противник за Аргентина, но популарните “панцири” имаат голем респект кон светскиот шампион од 1978 и 1986 година.

“Не ми се верува, многу сум среќен, ова е нешто невидено, нешто фантастично. Заработив незгодна повреда во дуелот против репрезентацијата на Нигерија, но дадов се од себе, направив се што е во моја моќ за да се вратам на зелениот терен. За среќа, Аргентина е вториот финалист. Германија секогаш е незгоден противник за Аргентина, но ние ќе ја играме нашата игра и во финалниот натпревар. Аргентина е Аргентина и знам дека Германија многу ја почитува репрезентацијата на Аргентина”, изјави Агуеро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.