Агуеро и повреден ќе игра против Вест Хем

Иако чуствува болка во левата препона, аргентинскиот интернационалец од Манчестер Сити, Серхио Агуеро потврди дека ќе биде во комбинација за последниот натпревар од актуелната сезона во англиската Премиер лига, дуелот против гостинскиот тим на Вест Хем.
Гигантот од “Итихат” ќе ја освои толку посакуваната шампионска титула доколку во утрешниот натпревар освои најмалку еден бод.

„Се чуствувам добро, не сум 100% подготвен за овој натпревар, но се ќе биде во ред, ќе бидам во комбинација за утрешниот дуел против Вест Хем. И да не сум подготвен, нема шанси да го пропуштам тој натпревар. Не знаете колкава е желбата да играм против Вест Хем. Благодарение на емоциите, на атмосферата, јас нема да почуствувам никаква болка. Вест Хем ќе игра порастеретено, ќе сакаат победа на “Итихат”, нема да чуствуваат никаков притисок. За разлика од пред две години, кога имавме обврска да славиме во последниот првенствен натпревар, сега ќе ни биде доволен и еден бод”, изјави аргентинскиот интернационалец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.