Агуеро моментално не е желба на Реал Мадрид

Првиот човек на новиот европски клупски шампион, тимот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, експресно ја демантираше пласираната шпекулација дека “кралскиот клуб”, подготвува неморална понуда за аргентинскиот интернационалец од редовите на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро.

“Не е точно дека подготвуваме некаков потег, некаква неморална понуда за напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Станува збор за нова и неточна новинарска шпекулација. Во овој момент, Реал Мадрид не е заитересиран за услугите на Серхио Агуеро. Во овој момент, Реал Мадрид нема потреба од некој нов фудбалер, нема потреба од некакво брзање. Се е на свое место”, изјави претседателот на Реал Мадрид.