Агуеро потпиша нов петгодишен договор

Англискиот првак Манчестер Сити објави дека Серхио Агуерo потпишал нов петгодишен договор.

На овој начин Кун Агуеро ги следеше стапките на Винсент Компани, Александар Коларов, Самир Насри и Давид Силва кои исто така ја продолжија соработката со клубот од Етихад.

„Откако дојдов овде слушам гласини за враќање во Шпанија. Луѓето слушаат и тоа го сфаќаат сериозно, но на навивачите можам да им речам да се опуштат, затоа што не заминувам од Сити, туку тука ќе бидам до крајот на договорот“, изјави Агуеро, кој ќе заработува 150.000 фунти неделно.

Од доаѓањето во Сити, Агуеро постигна 75 гола на 122 одиграни меча. „Граѓаните“ ја почнуваат одбраната на титулата во недела против Њукасл.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.