Агуеро, Туран, Гундоган запишани во списокот на Мартино

Предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино, веќе го состави списокот со фудбалери кои би требало да пристигнат на „Ноу Камп” за време на летниот преоден рок.

Искусниот стручњак веќе ги информирал клупските челници дека има потреба од неколку квалитетни фудбалери, а примамлива понуда на стартот од летниот предоден рок ќе биде испратена до осум фудбалери.

Кога е во прашање нападот, Барса ќе испрати понуда до аргентинскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Серхио Агуеро и до германскиот ветеран од редовите на Лацио, Мирослав Клосе.

Мартино сака средниот ред да биде засилен со Арда Туран (Атлетико М.), Илкаи Гундоган (Борусија Д.), а кога е во прашање дефанзивната линија, каталонскиот гигант подготвува понуда за Сантиаго Вергини (Сандерленд), Филипе Луиз (Атлетико М.), Дориа (Ботафого) и Невен Суботиќ (Борусија Д.).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.