Спорт

По октоподот Пол, нов прогнозер на Мундијалите е мачор Ахил прогнозира победа на Русија на отворање на Светското првенство

Ахил прогнозира победа на Русија на отворање на Светското првенство

Мачорот Ахил, официјалниот прогнозер на Светското првенство во Русија што се отвора денес, предвидува дека Русија ќе ја совлада Саудиска Арабија во првиот натпревар во 18 часот.

Пред мачорот биле ставени два сада со храна, покрај кои биле поставени знамињата на двата тима кои го отвораат Мундијалот на стадионот „Лужњики“ во Москва, а Ахил ја одбра руската тробојка.

Ахил, жител на Ермитаж во Санкт Петерсбург, до светската слава дојде по генералната проба за Светското првенство, кога на Купот на конференции ги погоди победниците во три од четирите натпревари.

Рускиот „Спутник“ вели дека мачорот, кој е глув, цела година тренирал и учествувал на големи настани, така што сега е конечно подготвен да ги предвиди резултатите од сите натпревари во СП.

Ахил ги следи стапките на октоподот Пол, кој стана меѓународна ѕвезда кога точно ги погоди резултатите од Светското првенство 2010 година во Јужна Африка, вклучувајќи го и точниот избор на подоцнежениот шампион, Шпанија.