Балкан

Ахмет Давутоглу e нов претседател на турската владејачка партија

Ахмет Давутоглу e нов претседател на турската владејачка партија

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска треба да биде избран за претседател на владеjачката Партија на правдата и развојот (АКП).

Околу 30.000 членови на партијата се очекува да присуствуваат на конгресот, пренесе агенцијата Анадолија.

Изборот на Давутоглу за претседател на АКП е природниот чекор кон премиерската функција, која исто така му е предложена на досегашниот прв дипломат на Турција.

Реџеп Таип Ердоган, кој со 52 отсто од гласовите на избирачите победи на претседателските избори, што се оддржаа на 10 август, го предложи Давутоглу за свој наследник на премиерската функција.

Ердоган отстапува по 11 години минати на жешкото премиерско столче.