Ахмети и Груевски договориле работни групи за преговори за нова Влада

Премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски денеска попладне се сретнал со претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети.

„На средбата се разговараше за изборниот процес, при што двајцата соговорници дадоа позитивна оценка за изборите и за демократската и слободна атмосфера во која се одвиваа. Г-динот Ахмети и г-динот Груевски се договорија за формирање на работните групи кои ќе преговарат за формирањето на новиот владин состав“, се вели во заедничкото соопштението од двете партии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.