Ахмети: Изборите мора да се одржат на 5-ти јуни

Изборите мора да се одржат на 5-ти јуни, суштинските елементи од пржинскиот договор се исполнети, смета лидерот на Демократската унија за интеграција.

Според Али Ахмети соочувањето со граѓаните ќе стави крај на политичката криза и враќање на евроатланскиот пат на Македонија.

„ДУИ ќе се фокусира во воспоставувањето на стабилноста и безбедноста, решавање на прашањата со соседите кои ја попречуваат интеграцијата во НАТО и ЕУ, меѓуетничките односи, спроведување на приоритетните реформи, економскиот развој и социјалната заштита“ се наведува во партиското соопштение испратено по средбата на Ахмети со со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија.