Ахмети: Министерството за здравство ќе го раководи кадар на албанските партии

Декларацијата на трите албански партии од Македонија нема целосно да биде вклучена во програмата на новата влада, туку ќе ги има најважните аспекти за големите реформски приоритети. Ова вчера го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според кој, најважното сега за Македонија е да успее на патот кон ЕУ и НАТО.

Во однос на ресорите, Ахмети изјави дека неговата партија ДУИ, во главно ќе раководи со истите министрества со кои раководеше досега. Промена ќе има во министерството за образование и министерството за здравство. Засега не се разговарало за конкретните имиња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.