Ахмети му честиташе на Тачи за реизборот на чело на ДПА

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети му честиташе на Мендух Тачи за неговиот реизбор на чело на Демократската Партија на Албанците во партискиот Конгрес одржан денес во Тетово.

„Во име на сите нас при Демократската Унија за Интеграција, ми претставува задоволство да го поздравам вашиот реизбор за претседател на Демократската Партија на Албанците и да ви посакам добро здравје и успех во вашата работа како лидер на опозициската партија на албанците во Македонија.

Разликите меѓу нашите ставови се користни за нашето општество и придонесуваат за квалитетни решенија на прашања кои ја засегаат нашата земја. Но, јас сум сигурен дека делиме слични ставови околу главните прашања кои ја чекаат нашата земја и дека заеднички ќе дадеме конструктивен придонес во надминувањето на овие пречки што ќе овозможи благосостојбата на нашите граѓани.

Исто така, ви честитам за одлуката за да се вратите во Собранието на Република Македонија и да продолжите со вашите активности како една конструктивна опозиција која ќе понуди алтернативни решенија за проблемите со кои се соочува нашето општество. Кај ДУИ ќе најдете партнер за секој конструктивен пристап и за секоја квалитетна понуда за подобрување на животот на граѓаните,“ се вели во честитката на Ахмети до Тачи.

На крајот, посакувам ова враќање да означи нова ера во јавната дебата помеѓу албанските политички партии и во согласност со очекувањата на граѓаните.