Македонија,Политика

Ахмети ги повика Албанците да го бојкотираат и вториот круг на претседателски избори

Ахмети ги повика Албанците да го бојкотираат и вториот круг на претседателски избори

Али Ахмети го повика албанскиот електорат и во вториот изборен круг да го бојкотира изборот за претседател. Тој истакна дека Албанците во Македонија напреднале политички и во целост ја подржале идејата за консензуален претседател.

„Кажавме не за едностраниот претседател и демонстриравме една силна национална идеја. Понудивме договор, кој не се постигна. Сега веќе тоа стана идеја на поголемиот дел Албанци во Македонија. На ниеден начин нема да и’ наштетиме на идејата и нема да излеземе и да го подржиме второпласираниот кандидат Стево Пендаровски. На 27 април ќе ги повикаме Албанците да гласаат за ДУИ и да апстинираат од гласачкото ливче за претседател“, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети.