Ахмети: Проблемот со името не е проблем на Албанците

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во настапот во емисијата на „Само вистина“ на телевизијата Канал 5 во четвртокот вечерта, рече дека по „евентуалното стапување на сила“ на договорот со Грција за името, Албанците во патните исправи ќе бидат заведени како граѓани на Република Северна Македонија, како и дека Албанците никогаш не биле дел од овој проблем.

„Проблемот за името со Грција не е проблем на Албанците. Тој е проблем на македонската заедница. Така што дел од спорот не беше албанското прашање во Македонија и мислам дека со овој договор дефинираните прашања и работи си доаѓаат на свое место. Албанците се граѓани на Република Македонија“, рече Ахмети.

Натаму во разговорот, челникот на ДУИ, рече дека ова било „златна шанса за опозицијата, за имиџот на ВМРО-ДПМНЕ, да бидат дел од процесите кои ќе се ценат од сите“

„Во дадената ситуација, ниту опозицијата не ке најдеше подобро решение  (во однос на Договорот со Грција). Компромисот не ги задоволува страните, ама подобар компромис од ова нема. Мислам дека се покажа храброст и државотворност, бидејќи се запечатија големи работи кои се однесуваат на историјата, на минатато, на македонската нација, но и за иднината. Одличен компромис не постои, страните остануваат незадоволни. Ние сме избрани да донесеме одлуки, ние сме избрани да преговараме. Ги уверувам сите граѓани дека целта е благородна, висока и вака се гради иднината, рече Ахмети.

Ја повика опозицијата и Претседателот Ѓирге Иванов да бидат дел од процесите. кои „ја носат земјата на правиот пат“. Ахмети изјави и дека во 2011 година, имало шанси да се затвори спорот, оти наводно сѐ било спремно на средбата со тогашниот американски потпретседател Џозегф Бајден,  но оти тогашниот македонски премиер Никола Груевски „не нашол сила за тоа“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.