Ахмети се сретна со Хојт Ји

(Архивска илустрација)

Заврши средбата меѓу заменикот државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји, со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а по средбата која се одржа во резиденцијата на американскиот амбасадорво Скопје, Џес Бејли, изјава за медиумите даде лидерот на ДУИ.

Али Ахмети вообичаено се заблагодари за поддршката што ја дале САД, како што рече, за именувањето на Талат Џафери за спикер на парлaментот и зa неговото признавање. Челникот на ДУИ додаде дека „сега треба да се вратиме на остварување на целосно градење на институциите“.

„По сето она што се случи во парламентот, крајно време е сите да се свестат дека земјата оди во негативен правец и да се прифати новата реалност односно новиот претеседател на Собранието“, рече Ахмети додавајќи дека изборот на Талат Џафери е направен на легитимен начин, а оти ДУИ е решена да продолжи со процесот на конституирање на новата влада.

За повлекувањето од функцијата кое го најави министерот за внатрешни работи, Агим Хухиу, поради моралната одговорност што ја чувствувал по настаните од четвртокот во Собранието по изборот на Џафери, Ахмети рече дека министерот има целосна поддршка од ДУИ, но и од другите партии и оти „нема логика да се повлече сега во време кога не постои орган што би ја прифатил“.

Претходно во неделата попладнето Хојт Ји  имаше средба со претставници на партиското раководство на Алијансата на Албанците на кои учествувале Арбен Таравари и Весел Мехмеди, а потоа и со претседателот на Беса, Билал Касами.

Хојт Ју, како што беше најавено, ќе се сретен со челниците на сите парламентарни партии како и со претседателот Ѓорге Иванов, а изјава за медиумите ќе даде во понеделник.