Ахмети: Со законот за јазици е заокружен Рамковниот договор

Со усвојувањето на Законот за јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот мировен Договор, кој е загарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, рекол претседателот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со Британскиот Амбасадор, Чарлс Гарет, соопштија од ДУИ.

Ахмети и Гарет разговарале за политичките активности во земјата и регионот, Законот за јазиците, состанокот на Претседателството на ДУИ, како и евроатланската интеграција.

– Ахмети истакна дека со усвојувањето на Законот за јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот мировен договор, кој е загарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ. Општеството и политичките лидери треба да продолжат со посветеноста кон усвојување и спроведување на системските реформи како и да се постигне достоинствен компромис со Грција во врска со спорот за името- соопштија од ДУИ.

Лидерот на партијата го запознал британскиот амбасадор оти ДУИ вчера, заокружила едно поглавје од нејзината политичка активност, и почнува да ја гради утрешната ДУИ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.