Ахмети:Средбата со Хан беше многу важна

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека на средбата со еврококомесарот Јоханес Хан разговарале за сите теми кои се однесуваат на интеграциските процеси и притоа ја оцени средбата како многу важна.

„Ова беше многу важна средба со комесарот Хан. Зборувавме за сите теми кои се однесуваат на интеграциските процеси, реформите во судството, соработката со опозицијата. Му ветив на Хан дека ние ќе направиме максимални напори за да ги достигнеме конкретните чекори за да бидеме што поблиску до случувањата и реализациите на сите прашања кои не приближуваат со Европа“, рече Али Ахмети.