Ахонен: ИТ секторот можe да го динамизира развојот на Македонија

ИТ секторот и мобилната технологија можат да го динамизираат развојот на Македонија. Според Томи Ахонен, светски познат мотивациски говорник и автор на бестселери за мобилната технологија, во овие индустрии доминираат младите, со кои нашата земја располага, објави Лидер.

Патувате низ светот, посетувате многу самити и конгреси. Какви се вашите импресии од Самитот „Македонија 2025“?

Ме импресионираше квалитетот на говорниците. Беа многу квалитетни во однос на разгледувањето на различни аспекти на севкупната иднина на индустриите во развој. Мојот домен е мобилната и дигиталната технологија и беше одлично покриен, беа разгледани обработката во облак, интернетот, големи количини на податоци… За мене, ова беше одлично организирана конференција со одлична содржина.

Каков потенцијал има Македонија за развој на ИТ индустријата? Каде ја гледате земјата за 10 години?

Македонија е способна да ја искористи оваа можност. Сега треба да се фокусира и да избере области во која Македонија сака и може лесно да стане светски лидер.

Како до подобро позиционирање на македонските ИТ компании на глобалниот пазар?

Дел е да се постигне…