АХВ: Да не се допира угинатиот добиток, нормализирање на состојбата за 2-3 дена

Агенцијата за храна и ветеринарство од првиот ден со своите тимови е на терен, а ситуацијата ќе се нормализира во следните 2-3 дена, вели за Канал 5, Ѓорѓи Ѓорчевски, инспектор во Агенција за храна и ветеринарство.

Се намалува бројот на пријави за угинати животни, а Ѓорчевски апелира веднаш да се пријави угинатиот добиток.

– Неколку пати апелираме и преку медиумите и преку препокри на страната на Агенцијата, доколку одгледувачот забележи дека има угинати животни веднаш да ја извести Агенцијата и надлежното ветеринарно друштво кое што има договор за вршење работа од јавен интерес. Граѓаните да е ги допираат уинатите животни. Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со комуналните претпријатија на Град Скопје врши нештетно отстранување  на угинатиот добиток и транспортирање до Дрисла каде што се врши закопување, уништување и дезинфицирање, вели тој.

Редовно се врши опсервација на теренот, 4 тима се постојано на терен и постојано се контактира со граѓаните. До сега не е евидентиран случај на зараза и треба да се обрне внимание во делот на хигиената.

-Добиточната храна која што е зафатена од поплавите да не се дава, бидејќи може да се наруши здравјето на животните кои преживеале, апелира Ѓорчевски.