АХВ истражува кои се производителите на генетски модифициран ориз

АХВ ја открила сортата ориз која е добиена од генетски модифицираното семе при што контролите на терен продолжуваат.

Од агенцијата велат дека е добиен список на 30 производители на генетски модифициран ориз а откако ќе се утврдат производителите ќе се преземат мерки.

Детално ќе се влезе и ќе се утврди кои се тие производители. Добиен е список од 30 можни кај кои ќе се појде. Тоа ќе се реализира во соработка со Управата за семе и саден материјал при МЗШВ,- кажа Атансов.

Зголемени контроли како што потенцирал Атанасов има и на граничните премини при увоз.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред десет дена ги доби резултатите од суперанализите, кои покажаа дека соините трошки и шницли од Србија кои во Македонја ги продава „Виталија“ и дефинитивно имаат ГМО.

АХВ во изминатите денови обзнани неколку случаи со малверзации со храна. Освен соините производи, кочански ориз со ГМО бил пронајден пред да заврши на тезгите, сепак Агенцијата се уште не знае од каде дошло семето и кој се` го садел оризот. Оттаму велат дека го испитуваат случајот, иако откупувачот кај кого е пронајден спорниот ориз доби казна од околу 6.000 евра. Оризот ќе биде уништен заедно со производите на „Виталија“.

Претходно, Агенцијата пронашла и мелено месо за кепаби и плескавици кои имале траги од пилешко, иако во декларацијата било наведено дека се работи за свинско, говедско, или мешано меѓу свинско и говедско месо.

Во Европската унија е дозволено косумирање на храна со ГМО, но нејзиното присуство треба да биде истакнато на декларацијата. Слично било и во Македонија до 2015. година, кога е донесена одлука да се забрани производството со ГМО до влегувањето на Македонија во ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.