сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 48

АХВ: Не станува збор за небезбеден пијалок, туку за непочитување на наведените ознаки

Производот Симба кој во медиумите се посочува како причинител на труењето со храна на малолетните лица е безалкохолен пијалак, на кој соодветно е означено дека не се препорачува за деца под 18 години и за бремени жени, посочуваат од АХВ.

ahv

Последни вести

Агенцијата за храна и ветеринарство информирана е за инцидентот во кој 3 малолетни деца се хоспитализирани во Детската клиника во Скопје, но официјално, од епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје – Скопје, немаме добиено информација за пријава за труење со храна и за хоспитализирани лица.

Производот Симба кој во медиумите се посочува како причинител на труењето со храна на малолетните лица е безалкохолен пијалак, на кој соодветно е означено дека не се препорачува за деца под 18 години и за бремени жени.

Не станува збор за небезбеден производ, ниту за труење со храна, туку за  непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале.

Во тек е постапка од надлежните институции за тоа како овој пијалак дошол до малолетните лица.

Најчитани вести