среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 49

АХВ: Нема небезбедни чоколади на македонскиот пазар

На македонскиот пазар нема небезбедни чоколади во кои е утврдено присуство на делови од пластика.

cokolada

Последни вести

На македонскиот пазар нема небезбедни чоколади во кои е утврдено присуство на делови од пластика.

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство во Македонија не е увезена небезбедната производствена серија пратки од чоколадите Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис, за кои вчера беше издадена наредба за повлекување од пазарот на 55 земји.

Според АХВ, во домашниот промет има чоколади од овие брендови увезени од Холандија, но со различен производствен сериски број од небезбедната нотифицирана пратка.

Агенцијата за храна и ветеринарство будно ја следи состојбата со овој случај и е подготвена да реагира навремено доколку се јави потреба, со преземање на соодветни мерки. Како одговорна институција за безбедноста на храната апелираме граѓаните непотребно да не се вознемируваат и доведуваат во заблуда дека производите кои се продаваат на домашниот пазар се  небезбедни и можат да го загрозат нивното здравје, стои во соопштението.

Најчитани вести