АХВ: Повлечени спорните штрудли

Превентивно се повлекуваат спорните штрудли на српскиот производител „Житопрерада“ од Бечај, а на увозникот „Оз-Ту компани“ од Скопје му се забранува да ги продава залихите кои ги има во магацините.

Контролите од земените мостри не покажале зголемено присуство на отровот охратоксин А во пратките од овој производ кои стигнале во Македонија, но повлекувањето е поради претпазливост. Поради тоа сите количества се повлечени додека од српското Министерство за земјоделство не се добијат повеќе информации за бројот на контаминираната серија.

До крајот на денот од АХВ ќе излезат и со подетални информации за увезените и повлечените количества штрудла со смоква на српскиот производителот во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.