четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 58

АХВ: Пијалокот е соодветно означен, a децата не смееле да го пијат

Причината, децата да се најдат во таква состојба е поради непочитување на предупредувањето кое е назначено во означувањето дека пијалакот не смее да го пијат лица под 18 години, посочуваат од АХВ.

ahv

Последни вести

Инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во текот на вчерашниот ден направиле вонредна, дополнителна контрола кај операторот со храна производител на безалкохолниот пијалок кој во јавноста беше посочен како причина за наводно труење со храна на три малолетни лица во скопската населба Радишани.

Извршена е контрола на HACCP планот кој го спроведува производителот, проверени се лабораториските анализи кои согласно HACCP  планот има обврска да ги прави, при што не се констатирани недоследности. Пијалакот согласно важечките правила е соодветно означен, онформираат од АХВ.

Во конкретниов случај не станува збор за небезбеден производ, ниту за труење со храна, туку за  непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале безалкохолниот пијалок. Причината, децата да се најдат во таква состојба е поради непочитување на предупредувањето кое е назначено во означувањето дека пијалакот не смее да го пијат лица под 18 години.

Во рамки на редовните инспекциски контроли Агенцијата кај овој оператор изврши контрола пред два месеца. И тогаш не биле констатирани недоследности во работењето, ниту отстапки во поглед на безбедноста.

 

Најчитани вести