АХВ промовираше 6 летоци за информирање на потрошувачите

Шест нови летоци за информирање на потрошувачите за означување на одредени прехранбени производи, во трговскиот центар “Сити мол”, беа промовирани од Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија. Станува збор за дел од активностите на Агенцијата за едукација и информирање на граѓаните за прашања кои се однесуваат на безбедноста на храната.

Како што истакна на промоцијата директорот Зоран Поповски, покрај тоа што ги донесува прописите од областа на безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја спроведува и контролата, а неколку години наназад активно реализира и голем број на проекти за едукација на потрошувачите.

sm1

-Голем дел од активностите се реализираат во соработка со граѓанскиот сектор кој ни овозможува на најдобар начин да ги конвертираме податоците за истите да бидат јасни, едноставни и прифатливи за граѓаните. Бидејќи означувањето на прехранбените производи претставува значајна информација за потрошувачите преку која можат да направат сопствен избор на производи зависно од нивната здравствена состојба, возраст, физичка активност, верската определба, денес промовираме 6 летоци кои се однесуваат на означувањето на месните, млечните и преработките од риба, како и храната за доенчиња, храната наменета за диети и за спортисти и летокот кој има за цел да ги разјасни заблудите на потрошувачите кои се однесуваат на означувањето на производите – истакна директорот Поповски.

sm2

Новите 6 летоци за информирање на потрошувачите за означувањето на овие неколку категории производи, на 22 овој месец беа инсертирани во прилогот “Здравје”на дневниот весник “Дневник”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.