АХВ: Турските лимони на македонскиот пазар се безбедни

Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија дека се увезени небезбедни лимони од Република Турција.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во Република Македонија, вклучително и на увозот на лимони од Турција со земање на мостри и вршење на лабораториски испитувања. Досега ниту со еден резултат од испитаните мостри цитрусно овошје, вклучително и на лимони кои во државава се увезуваат од Република Турција, не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за увоз на агруми.

По изнесените наводи, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили инспекциските контроли, кај увозниците на јужно овошје и во внатрешниот промет.

Од почетокот на годинава заклучно со септември, на македонскиот пазар увезени се 4.784.014 килограми лимони, по потекло од Грција, Шпанија, Бразил и Италија. Во истиот временски период само од Република Турција увезени се 2.913.823 килограм