вторник, 25 април 2017  |  Вести денес: 31

АХВ: Во Македонија нема од пилешкото Перутнина со салмонела

Во Република Македонија не се увезени преработки од месо од производителот Перутнина од Птуј, со датум на производство и лот за кој хрватското Министерство за земјоделство вчера вечер наредило повлекување од пазарот во Република Хрватска  поради утврдено присуство на бактеријата салмонела.

132593697

Поврзани вести

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), врз основа на направената контрола од страна на дежурните инспекциски тимови е утврдено дека преку Системот за брзо известување за храна и храна за животни на Европската унија (RASSF), не е добиена нотификација дека небезбедна пратка од овој тип е пласирана на македонскиот пазар.

Преу RASSF системот, додава АХВ, нема нотификација ниту дека на пазарот во Република Македонија се пласирани производите на земјоделското стопанство Ореховец од Хрватска, чии производи се исто така повлечени од хрватскиот пазар, поради утврдено присуство на салмонела.

Најчитани вести