среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 46

АХВ: Злоупотребата на „јазлеста кожа“ за дневно-политички поени е крајно неетично

Злоупотребата на појавата на болеста „јазлеста кожа“ за дневно-политички поени на опозициската СДСМ е крајно неетичка и неморална, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство во писмената реакција.

Поврзани вести

Злоупотребата на појавата на болеста „јазлеста кожа“ за дневно-политички поени на опозициската СДСМ е крајно неетичка и неморална, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство во писмената реакција.

Со дезинформации и манипулации се создава тензична атмосфера во јавноста, паника кај сточарите и целосна конфузија со вистинските состојби со овој регионален проблем. Се прескокнуваат надлежните институции, официјалните податоци и стручните наводи и наместо тоа се импутираат партиски вокабулар и небулози, се вели во реакцијата.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, Љупчо Николовски од  Извршниот одбор на СДСМ ги довел во заблуда сточарите, и неговите инструкции да не ги пријавуваат и предаваат заболените животни, довело до тоа епидемијата и бројот на заболени говеда да се зголеми.

Со оваа неконтруктивност и манипулациите со сточарите, Николовски не само што сее вознемиреност, туку работи на штета на сточарите, на штета на државата и на штета на буџетот на РМ, се истакнува во соопштението.

Од АХВ сметаат дека Николовски треба да сноси одговорност, да престане да дејствува на штета на граѓаните и државата и да се повлече од политичката сцена.

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира да не се манипулира јавноста без докази за справувањето со болеста во другите држави од регионот.

Пристигнатите барања за надомест на штета до Агенцијата за храна и ветеринарство ќе им бидат исплатени на сите сточари во законскиот рок од 90 дена и  порано. Се друго што се пласира во јавноста е неинформираност, неморалност, нервоза и агресија од редовите на опозициската СДСМ, се додава во соопштението од АХВ.

Најчитани вести