петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

АИ: На ничија земја на сириско-јорданската граница се наоѓаат 75.000 бегалци, стотици умираат

Меѓународната организација Амнести интернешнал (АИ), пред одржувањето на самитот на ОН за бегалци, апелира до меѓународната заедница да им помогне на околу 75.000 бегалци кои се наоѓаат на ничија земја во пустина на сириско-јорданската граница.

ai

Поврзани вести

– Стотици бегалци умираат бидејќи немаат храна и лекарска помош, предупредува АИ.

За помалку од една година, бројот на луѓето кои се блокирани во тој пограничен дел се зголемил од неколку стотици на околу 75.000 бегалци.

– Луѓето кои беа во состојба да зборуваат, опишуваа навистина очајни услови. Тие тврдат дека недостасува храна, а се шират и болести. Некои луѓе умираат од болести кои можат да се спречат. Она што е навистина трагично е дека доколку им се обезбеди медицинска грижа, животите на тие луѓе би можеле да бидат спасени, изјави Сара Хашаш од АИ.

Најчитани вести