Балкан

АИ: Србија и Косово итно да ги истражат исчезнатите случаи

АИ: Србија и Косово итно да ги истражат исчезнатите случаи

По повод Меѓународниот ден на исчезнати лица, организацијата Амнести Интернешенал (АИ), ги повика Србија и Косово да спроведат брза, независна, ефикасна и непристрасна истрага против осомничените за присилните исчезнувања и киднапирања во текот и по вооружениот конфликт на Косово во 1999 година.

АИ истакна дека во извештајот, кој е направен 15 години по конфликтот, повеќе од 1.700 лица се водат за исчезнати.

Оттаму додаваат дека во Босна и Херцеговина 7.800 лица се водат за исчезнати, а во Хрватска 2.200. Семејствата во овој регион и понатаму чекаат да бидат пронајдени телата на исчезнатите.