АИ: Во Украина е употребувано нелегално оружје

Во конфликтот во Украина е употребувано нелегално оружје, како касетни бомби, се наведува во денеска објавениот извештај на Амнести интернешнл за состојбата на човековите права, пренесува МИА.

Организацијата упати критика до двете страни во конфликтот поради големиот број цивилни жртви, што е последица на неконтролираните напади со минофрлачи и ракети во станбените области.

Од почетокот на борбите меѓу проруските сепаратисти и владините сили во април минатата година во земјата загинале околу 5.800 лица. Во источна Украина и на двете страни во конфликтот не се преземени соодветни безбедносни мерки за заштита на цивилите, со што се нарушуваат правилата на водење војна, се вели во документот.

АИ нагласува дека се регистрирани киднапирања, измачувања и масовни убиства, извршувани од единиците на доброволци, кои се борат на страна на владините сили, како и од групации, кои се борат за сепаратистите.

– При доставувањето на оружје за Украина постои опасност од нови нарушувања на човековите права, предупреди генералниот секретар на АИ, Салил Шети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.