Аида традиционално за затворање на Мајските оперски вечери

Традиционално, за затворање на Мајските оперски вечери, ќе биде изведена оперската претстава „АИДА“ од Џузепе Верди во сабота, 31 мај, 2014 г. со почеток во 20 часот

Како и секоја година „Аида“ е со интернационална солистичка екипа.

Настапуваат: Силвана Фроли-Италија, во насловната улога, Амнерис: Јелена Влаховиќ-Србија, Радамес: Руди Парк-Јужна Кореја, Рамфис: Владимир Саздовски, Амонасро: Ристе Велков, Фараон: Кристијан Фаравели-Италија

Режисер е: Дејан Прошев, диригент, Владимир Куленовиќ- (САД/ Србија).