Ајдини: Ахмети не смее да заборави на Тиранската платформа и нејзиното исполнуваање

ДУИ не смее да заборави на Тиранската Палтформа, вели политичкиот аналитичар Газменд Ајдини во вчерашната емисија “24 анализа”.

Тој потенцираше дека “ДУИ ќе биде многу пореформски ориентирана, но од друг аспект не смее да заборави ако не сака втор жолт картон, на декларацијата односно на работите што ги има во декларацијата на албанските политички пратии”.

Газменд Ајдини понатаму дополни дека “Ахмети ќе мора да работи на промени во уставот за да може да се реализира Тиранската Палтформа”.

“Во декларацијата пишува дека мора да се промени уставот во смисла на нагласување на албанскиот јазик. Во уставот ви пишува јазикот на 20 %, барањето на албанците е тие 20 % да се тргне и да се стави албански јазик што е многу логично, зошто секој би бил навреден ако знаеме за кој јазик се работи а тоа да биде пишано со бројки или со нешто што асоцира на нешто”, рече Ајдини.

Мислите ли дека Али Ахмети ќе се повлече од тоа дека во уставот треба да се смени, јас ви викам дкеа не смее да се повлече од тоа да инсистира уставот се смени, нагласи Газменд Ајдини.

Според него “Тоа досега не било реализирана бидејќи за тоа требaло 81 пратеник”.

На тоа водителката на емисијата му реплицираше дека “ДУИ заедно со ВМРО-ДПМНЕ имале такво мнозинство”

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.