Свет

Ајфеловата кула евакуирана по грешка

Ајфеловата кула евакуирана по грешка

Посетителите кои вчера биле на Ајфеловата кула, биле евакуирани. Но, паниката не била основата, станувало збор за грешка.

Еден од изворите вели дека станувало збор за вежба, која во последниот период постојано се применува, поради зголемените безбедносни ризици. Сепак еден од вработените  мислел дека станува збор за вистинска закана и наредил евакуација.

Туристите до последен биле евакуирани, а пред Ајфеловата кула биле распределени безбедносни сили.

Кога станало јасно дека станува збор за вежба, веќе било касно, бидејќи голем број на медиуми и низ социјални мрежи се ширела информацијата дека наводно бил пронајден сомнителен пакет.