Ајфеловата кула ќе стане шопинг центар

Ајфеловата кула, една од најпознатите  туристички атракции во Париз, наскоро ќе стане и трговски центар.

Според планот за реконструкција која завршува годинава, ќе биде изграден шопинг центар, канцеларии, ресторани и театар. Новите објекти ќе се протегаат на површина од 5,5 илјади квадратни метри.

За да се зголеми  енергетската ефикасност, проектот предвидува и соларни панели, резервоари за собирање и прочистување на дождовница, како и стаклени заштитни огради.   Реконструкцијата на Ајфеловата кула ќе чини 25 милиони евра.