Ајнтрахт го совлада Лајпциг и скокна на третото место, но навивачите протестираа

Во последниот натпревар од 23-то коло од германското фудбалско првенство Ајнтрахт во Франкфурт успеа да победи со 2:1 против РБ Лајпциг со што скокна од шестото на третото место на табелата, кое обезбедува учество во Лигата на шампионите.

Гостите поведоа во 13 минута по убавата акција којашто со погодок ја круниса Џан Огустен. Меѓутоа, Ајнтрахт до крајот на првото полувреме успеа да направи пресврт со головите на Тимоти Чендлер во 22 и Кевин-Принс Боатенг во 26 минута. Во вториот дел немаше голови, но се играше многу нервозно, па судијата Феликс Цвајер во овој дела покажа шест жолти картони, или вкупно осум на целиот меч.

На табелата води минхенски Баер со 59 бодови, Борусија Дортмунд е втора со 40 бодови, додека Ајнтрахт сега е трет со 29 бодови. Следат Баер Леверкузен и РБ Лајпциг со по 38 бодови.

Дуелот на „Комерцбанк-Арена“ во Франкфурт го одбележа и протестот на домашните навивачи, поради играњето натпревари во понеделник. Приврзаниците на Ајнтрахт на почетокот од мечот истакнаа протесна порака, а на почетокот од второто полувреме го затрупаа тревникот со тениски топчиња поради што доцнеше почетокот. Интересно е што домашните навивачи не ги фрлија сите топчиња наеднаш, туку во три наврата со што го оддолжија чистењето на теренот за десетина минути.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.