Ајнтрахт избори финале во Купот на Германија

Основните 90 минути завршија нерешено 1:1, во продолженијата остана истиот резултат, а по подоброто изведување на пенали Ајнтрахт славеше победа со 7:6.

Кој ќе биде противник на Ајнтрахт во финалето закажано за 27 мај во Берлин, ќе се знае вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален меч во кој Баерн Минхен ќе биде домаќин на Борусија Дортмунд.