Ајнтрахт подобар од Баерн во финалето на германскиот куп

Ајнтрахт од Франкуфрт го освои во саботата германскиот фудбалски национален куп совладувајќи го минхенски Баерн со 3:1.

Хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ го доведе тимот од Франкфурт во водство во 11 минута. Баерн израмни со голот на Роберт Левандовски во 53 минута. Но потоа Ребиќ повторно од противнапад во 81 минута го доведе Ајнтрахт во водство, а победата ја потврди Мијат Гачиновиќ во шестата минута од судиското продолжение.

Ова е прв трофеј за Ајнтрахт по 30 години и петта титула во германскиот куп по оние од 1974, 1975, 1981, 1988 годна. Минатата година Ајнтрахт, исто така, играше во финалето но беше поразен од Борусија од Дортмунд со 1:2.