Аjнтрахт во полуфиналето од германскиот куп

Фудбалерите на Ајнтрахт изборија во средата полуфинале во германскиот национален куп, оаккот во Франкфурт го совладаа Мајнц со 3:0.

Ајнтрахт стаса до победата постигнувајќи ги головите по катастрофалните решки на гостинскиот состав. Домашните поведоа во 7 минута откако Ребиќ постигна гол по големата грешка на голманот на Мајнц, Рене Адлер кој лошо реагираше на повратната топка што го искористи Мариус Волф да му асистира на стрелецот.

Вториот гол гостите буквално сами си го постигнаа кога напаѓачот на Ајнтрахт, Себастијан Халер ја упати топката во противничкиот шеснаесетник, а Алекснадер Хак ка сврти во сопствената мрежа Сите дилеми ги разреши Оскар Маскарељ, кој во 62 минута искористи уште еден кикс а Хак и рутински го совлада Алдер

Пласман во полуфиналето изборија и минхенски Баерн и Баер од Леверкузен, а последниот учесник ќе биде познат по одигрувањето на дуелот меѓи Шалке и Волфсбург

Ждрепката за полуфиналето е на 11-ти февруари, полуфиналните средби се на 17-ти и 18-ти април, а финалето е закажано за 19-ти мај на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.