Академија за 3Д дизајн со лиценци од „Аутодеск Америка“

Интервју со Никола Кумев, сертифициран тренер за 3Ds MAX од AUTODESK USA и тренер во Seavus eдукативен и развоен центар   и Весна Иваноска, генерален менаџер на Seavus eдукативен и развоен центар:

1. Што точно значи 3D моделирање? Како накратко го опишувате експертот од оваа област?

3D моделирање значи компјутерско генерирање на слики, видеа или друг формат на фајлови со помош на определен софтвер. Најпознати и светски најексплoатирани софтвери се 3Ds MAX и MAYA производи на Autodesk,USA. Компанијата KUMEV BROTHERS PRODUCTION или Autodesk Македонија, веќе трета година,  ги има лиценците за Македонија како aвторизиран тренинг центар и aвторизиран сертифициран центар. Оваа година, во соработка со SEDC, одлучивме, нашето досегашно искуство и знаењето на нашите сертифицирани тренери, да го споделиме со студентите на академијата за Дизајн (насока 3D ) на СЕДЦ . За таа цел, со тренерите на СЕДЦ, креиравме уникатна напредна програма со сите потребни материјали за квалитетна обука во областа на 3D моделирањето, текстурирањето, рендерирањето, осветлувањето и постпродукцијата. Со помош на нашето искуство и искуството стекнато со текот на годините нашите тренери и нашата компанија како единствена засега во Македонија, и секако  со искуството на SEDC, подготвени сме за релативно краток пероиод, да произведеме квалитетни професионалци од оваа област. За да се постигне тоа, од техничкото аспект потребно е да се совлада:

– 3D модел користејќи конкретни алатки;

– Да ги разбере и разликува различните начини на креирање на 3D објекти;

– Да може да создаде 3D објект од 2D splines;

– Да ги разбере и примени 2D и 3D текстурите, битмапите на основа од реална слика како и нивните процедури;

– Напредно мапирање со подслоеви и користење на модификатор за мапирање;

– Херархии и пивот;

– Креирање и поставување на осветлување и светлечки ефекти;

– Креирање и поставување на камери и нивни ефекти;

– Да го разбира и користи анимирањето на објектите, камерите, светлата;

– Да ги разбере и користи модификаторите;

– Да го разбере и користи основниот рендер и V-RAY рендерот;

– Да го примени знаењето во сочувување на крајниот производ видео, слики;

– Да го совлада ригувањето и моделирањето на карактери;

– Да совлада монтажа и пост-продукција.

nikola

Никола Кумев, сертифициран тренер за 3Ds MAX од AUTODESK USA и тренер во Seavus eдукативен и развоен центар   

2. Каде наоѓа примена оваа област?

Оваа област зема замав последниве дваесет години и истата има широка примена. Најпрво би потенцирале дека денес не постои филм или холивудска продукција без анимација или пост-продукција на материјалот кој е снимен и обработен во студијата. Се додаваат различни 3D елементи и со помош на пост-продукцијата се композираат. 3D се користи и во архитектура, дизајн, интернет, машинството, индустриите за забава и игри.

3. Постои ли разлика во динамиката на пазарот за 3D моделирање и постпродукција во Македонија и светот? Дали се движиме паралелно или заостануваме?

Постои огромна разлика кај нас и светот. Би рекол дека погрешно е сфаќањето дека само хардверот е тој кој може да прави чуда, а таа теорија преовладува сеуште и кај нас. Во светот многу внимание се посветува на знаењето и искуството и практичната работа. Би потенцирал дека само со темелно и програмски точно поставено знаење се стигнува до врвни резултати. Денес можеме да кажеме дека оваа професија е меѓу најскапо платените и има голем недостаток на кадар кој постојано е баран од голем број сродни индустрии. Би потенцирал дека на Академијата на СЕДЦ, за релативно мала инвестиција, посетителите би совладале знаење која во друга земја би го платиле десет пати повеќе. Се поголем е бројот на наши луѓе кои работат преку интернет со светски компании и заработуваат доста солидно па дури и по десет македонски плати за еден месец.

4. Има ли Македонија пазар за 3D моделирање?

Во последно време се отвараат голем број на компании кој работат за странски пазар и кои имаат потреба за ваков кадар, голем број луѓе користејќи го интернетот исто така работат на база на freelance, голем број филмски проекти кој во изминативе неколку години се реализираа во Македонија користеа услуги од овој кадар, а да не зборуваме колку се користи во архитектурата, визуализацијата, машинската индустрија. Македонија има голем потенцијал за развој на овој пазар и ваков кадар допрва ќе биде уште поактуелен и баран.

5. Колку е лесно или тешко, експертите од оваа област да работат на странски проекти?

Генерално е многу лесно, секако, под услов дизајнерот да е квалитетно и добро обучен. Прво е потребна солидна настава, практично искуство, развој на сопствено портфолио и секакао на крај   меѓународно признати сертификати кои преку нас ги добиваат директно од Аutodesk USA и со тоа  стекнуваат подеднаква можност да конкурираат на светскиот пазар.

6. Дали се заработува многу од професијата 3D моделирање?

Секако. На пример, во Австралија добро обучен 3D артист заработува месечна плата од шест до десет илјади долари. Ако работи за Холивудска продукција многу повеќе. Наши професионалци, работејќи преку интернет заработуваат во просек по двеста долари дневно. Со еден збор, солидно платена професија, повторувам,  под услов , да сте добро обучени и да работите за вистински работодавачи. Сепак, најскапо платени се специјалистите кои усовршиле некој специфичен дел од оваа област.

vesna

Весна Иваноска, Генерален менаџер на Seavus eдукативен и развоен центар

7. Кој е мотивот за формирање на насоката за 3D моделирање, анимација, видео продукција и пост-продукција на Seavus Едукативен и развоен центар?

Насоката  за 3D моделирање, анимација, видео продукција и пост-продукција при Академијата за Дизајн  во SEDC функционираше и претходните 2 години, со таа разлика што оваа година одлучивме преку интензивирањето на партнерството со Аutodesk Македонија значително да го подигнеме квалитетот на студиите, да го подобриме процесoт на учење,  како и целокупното искуство што студентите ќе го добијат на оваа напредна програма. Програмата е секако директен одговор на актуелните трендови во дизајн индустријата и подготовка за една од најбараните професии денес.

8. Кои програми ќе ги излушуваат студентите на 3D академијата?

Во рамките на насоката 3D моделирање, анимација, видео продукција и пост-продукција,  темелно се изучуваат Autodesk Maya, Аutodesk 3Ds Max, Adobe Photoshop CS6, Adobe Premiere Pro CS6, Adobe After Effects CS6, Adobe Audition CS6, Nuke, но и предмети како Ликовни елементи и принципи, Теорија на бои, Дигитална фотографија и Менаџмент на креативниот процес, со што студентите добиваат комплетна едукација и целосно се оспособуваат за самостојна работа или работа во компанија.

9. Дали се интернационални признати дипломите од академијата?

Покрај дипломата која SEDC ја доделува за целиот академски пакет, во случајов,  3D моделирање, анимација и постпродукција, особено е важно што студентите ќе се стекнат со меѓународно признати Autodesk сертификати, издадени дирекно од Autodesk USA,  кои секако важат и ги потврдуваат компетенциите во целиот свет. Токму тоа е една од главните придобивки на оваа насока годинава, а која е секако резултат на единствената напредна програма креирана со заеднички напор на врвни професионалци од двете компании.

10. Ќе бидат ли студентите по изучувањето на академијата подготвени за самостојна работа?

Интерактивното учење и работата на “живи” проекти се токму главната карактеристика на Академиите на SEDC каде секој студент има не само можност,  туку и задолжителна обврска да изработи индивидуален или групен финален проект . Резултатите што ги добиваме со ваквиот пристап покажуваат дека студентите не само што создаваат успешнии и употребливи продукти,  туку потпишуваат сериозно квалитетни и наградувани дела и истите ги пласираат како за домашни, така и за странски компании.