Академик Беџети ја „демонтираше“ програмата на СДСМ

Академикот продолжи дел по дел да ја демонтира програмата на СДСМ, и наведе дека социјалната рамноправност не може да се постигне на начините кои ги предлага СДСМ.

Ќе имате дополнителни трошоци кои ќе произлезат како резултат на социјалните мерки кои ги споменувате, а во вакви услови нема фискален простор. Потребно е да паднат со нозете на земја, бидејќи нема фискален простор во нашиот буџет, бидејќи приходите се целосно искористени и ќе биде многу тешко да надополните со средства надвор од буџетот, рече Беџети.

Непознавања на законот

Тевдовски го емисијата продолжи да објаснува дека социјалната рамноправност е во фокусот на програмата, па рече дека ќе се направат корекции и на данок на имот, односно за имот вреден над 400 илјади евра да се плати повеќе данок.

Го земаме словенечкиот пример, ако некој има имот на 400.000 евра ќе му се зголеми данокот за 0,1 процентен поен, рече Тевдовски.

Ваквото тврдење повторно беше дочекано со прашање од академикот Беџети.

Како планирате тоа да го направите кога се работи за локален данок, за тоа одлучуваат советите на општините. Законот и сега е таков, од 0,1 до 0,2. Како планирате да им наметнете на општините да го прават тоа?, праша Беџети.

Данокот на луксуз и сега е висок – посочи академикот.

Приходите од оваа ставка никогаш не биле повисоки. Ако на пример, увезете автомобил од 100 илјади евра, давачките за истиот ќе достигнат 35 илјади евра, високи за да се прави таа рамноправност, му разјасни академикот на Тевдовски.

Социјална сигурност ветуваат луѓето од транзицијата?

СДСМ во неделата ја донесе изборната програма. Лидерот Заев рече дека ќе ја стабилизирале економијата и ќе ја врателе средната класа.

Нашата клучна цел е Македонија да биде земја со бројна и економски стабилна средна класа, која ќе биде гарант и носите на демократска и слободна Република Македонија, рече Заев.

Партијата на мултимилионерот Заев ветува економски напредок, а истата ја спроведе мрачната транзиција која остави зад себе рекордна невработеност од 39%, затворени 684 фабрики, криминална приватизација и над 200 илјади отпуштени работници, врати ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија порачаа дека народот повторно нема да биде прелажан од легите и ветувањата на СДСМ.