Академик Луан Старова добитник на награда за животно дело

На гламурозна церемонија се избираа највлијателните албанци од Македонија, во 9 категории на манифестацијата „Достигнување на годината -Милингона е арт 2013„ (Златна мравка 2013).
Оваа година се доделија награди во девет категории, меѓу кои и наградата за животно дело и наградата „Промотер на албанските вредности“, која овој пат не се додели на Албанец, туку ја доби  Frank Morawietz

Наградата за животно дело оваа година и припадна на академикот Луан Старова, додека наградата

Главниот организатор на манифестацијата Златна Мравка, Лаура Жута е задоволна како годинава се одбележаа достигнувањата на Албанците во Македонија.

„Драго ми е што Златна Мравка станува традиција, се заврши успешно и беа наградени најдобрите споретд мислењето на публиката и жирито. Беше многу по тешко од минатата година, бидејќи првата година не бевме толку свесни за тоа што го правиме, но оваа година имавме поголема одговорност,“ изјави Жута.

Манифестацијата „Милингона е арт“ се организира по вторпат.

Еве ги наградените:

– КИЦ, достигнувања на годината на институциите со влијание на културата;
– Венера Лумани, достигнување на годината во музиката;
– Таби Азири, достигнување на годината во визуелната уметност;
– Берат Јакупи (карате), достигнување на годината во спортот;
– Џевдет Јашари, достигнување на годината во изведувачките уметности-сценска уметност;
– Фатос Лумани, достигнување на годината во изведувачките уметности-класична музика (композитор);
-Патот кон… достигнување на годината во медиумите