понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

Академик Митевски: Државниот статус на македонскиот јазик не смее да биде загрозен од малцинските јазици во Македонија

За да добие сертификат за работа, секој државен службеник ќе треба да има положено државен испит по македонски јазик, смета академикот Витомир Митевски.

akademik-mitevski

Поврзани вести

Тој смета дека е потребно усогласување нашето законодавство, каде македонскиот јазик не би смеел да биде загрозен од страна на другите малцински јазици.

-Секој државен службеник и официјално лице кое истапува во јавноста, во медиумите, треба да се изразува на култивиран литературен македонски јазик. Од тие причини е задолжително секој државен службеник да има положено државен испит за познавање на службениот македонски јазик, по што ќе добие серификат за дозвола за работа, вели академик Митевски.

Тој потенцира дека треба да се унапреди изучувањето на официјалниот јазик на оваа држава, од самиот старт до самиот крај на образованието.

Неопходно е унапредување на изучувањето на македонскиот јазик во образованието на сите нивоа, од основното до високото образование, посебно за припадниците на малцинските заедници, со зголемување на бројот на часовите на македонскиот јазик и негова значителна застапеност од самиот почеток до крајот на образовниот процес. Потребно е воведување на редовна инспекција за постигнатите резултати на тој план, при што недоволно постигнатите резултати или нивното отсуство, ќе биде соодветно законски санкционирано, смета Митевски.

Тој смета дека е потребно усогласување нашето законодавство, каде македонскиот јазик не би смеел да биде загрозен од страна на другите малцински јазици.

Државниот статус на македонскиот јазик во својата матична земја, не смее да биде загрозен во ниту еден поглед, од страна на малцинските јазици во Република Македонија. Во таа смисла е потребно ургентно усогласување на нашето законодавство, за употреба на малцинските јазици според стандардите на унитарните земји во Европската унија, смета Митевски.

Најчитани вести