Aкција на италијанската полиција против мафијата, запленети 280 милиони евра

Италијанските карабињери утрово изведоа акција против мафијата во Рим, во која се уапсени 23 лица и запленет имот вреден 280 милиони евра, пренесува АНСА.

Агенцијата наведува дека се запленети барови, ресторани, пицерии и слот машини.

Уапсените се сомничат за рекет, перење пари и други кривични дела.