Акција на УЈП во Битола, Прилеп и Ресен

Припадници на СВР Битола во содејство со инспекциски служби од УЈП и Државниот пазарен инспекторат вчера на подрачјето на Битола, Прилеп и Ресен извршија акциска контрола на угостителски објекти во која што беа опфатени вкупно 11 угостителски објекти.

Притоа шест од предвидените објекти за контрола биле затворени односно не обавувале дејност (два угостителски објекти во Ресен, и четири угостителски објекти во селата Лажани и Дебреште на подрачје на ПС Прилеп), додека во два угостителски објекта во Битола (ресторан “Жежо“ и “Роки кај Цане Боксерот“) не биле евидентирани никакви неправилности.

Во контролите неправилности и тоа само од страна на ДПИ констатирани се во битолските угостителски објекти: “Тринагл-кај чупињата“ каде што од страна на ДПИ е изречена глоба од 1.200 евра за правното лице и 300 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице.

Потоа во угостителскиот објект “Реванш“ идентична глоба во висина од 1.200 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице и исто така идентични глоби за угостителскииот објект “Ѕиу“. Глобите се издадено по основ на прекршувања на Законот за угостителска дејност.